RSS

Нација или Етничка заедница – предизвик на ромскиот идентитет

Автор: Суад Скендери 

“Ако незнаеме за нашиот вистински идентитет како моќни креатори, тогаш сме подложни да бидеме користени и манипулирани.”  

Брајант МекГил – Автор и активист

Една од многуте антрополошко политичките теми е изучувањето на историјата на нациите, нивната посебност во културата и идентитетот. Европските народи низ историјата опстојувале и надминувале предизвици зачувувајќи го својот суверенитет и територија. Функционирањето на субјективниот политички свет зависи од интересите на државите и моќта за доминација во меѓународната сцена. Ромите како нација се населуваат во европскиот континент во XII век[1] без можност и тенденција за територијално унифицирање, со своја различна култура и идентитет од европската. Додека “белиот” континент континуирано низ историјата се развива, групите на народи се унифицираат во нации заштитувајќи се низ своите национални држави и културолошки се унапредуваат за заедништво и обединување, ромите како и сите други народи коишто се населиле како “другите” во веќе конструираните национални држави морале да се приспособат на условите поставени од страна на мнозинството.

Овoј текст има за цел да ги анализира и деконструира концептите на формирање на нација, културен развиток и идентитет со осврт на ромите во процесот на создавање на повеќедржавна нација со унифицирана култура и идентитет. Исто така ги претставува и аргументира фактите и литературата кои ја креираат нормативноста на широко прифатените разбирања за горенаведените концепти.

Read the rest of this entry »

 
Напишете коментар

Posted by на Март 31, 2014 во Uncategorized

 

Заслепената историја на Ромите и Холокаустот

Автор: Себијан Фејзула

„Како што добитникот на Нобеловата награда, Ели Визел предупреди пред неколку години, да се заборави Холокаустот е да се убие два пати“

Ирис Чанг, историчар и новинар

Според различни истражувачи, 20-от  век е наречен и како “век на геноцид”, геноцид во кој  се безмилосно убиени милиони луѓе заради идеологијата нацистичка Германија да биде „расно супериорна„ нација. Поради големиот бројот на жртви, овој безмилосен настан има посебно внимание во историјата на човештвото. Сепак во тоа историско внимание најмалку се знае за Pharrajimos – ромскиот Холокауст. Според Janos Barsony и Agnes Daroczi, Pharrajimos[1]на ромски јазик значи сечење, фрагментирање. Pharrajimos / Porrajmos за прв пат беше воведен од страна на Ian Hancock[2] на  почетокот на 90-тите години. Во интернационалната литература истиот термин може да се најде и како SAMUDARIPE кој исто така е ромски термин за масовно убивање.

Изненадувачки или не, сеуште се води дебата дали тоа што им се случило на Ромите може да се смета како Холокауст или не.

Овој труд ги  анализира причините за непризнавање  и претставување на Pharrajimos како дел на Холокаустот . Со цел да се постигне ова,  презентирирана е нацистичката идеологија, искуството на Ромите пред, за време и по Холокаустот. Во тој однос моите аргументи покажуваат дека целта на нацистичката идеологија беше манифестирана преку исти мерки како за еврејската заедница, така и за ромската, која во основата ја има идејата за “расна супериорност“. Земајќи ја во предвид идеолошката матрица на нацистите и нивното однесување кон Ромите за време на Втората Светска Војна сосем е јасно дека Германија и нејзините сојузници имале за цел целосно истребување на ромската популација поради нивниот идентитет а не поради нивното  “криминално досие”. Покрај ова, оваа кратка анализа има за цел да прикаже за учество на Ромите на сите манифестации за Холокаустот на глобално ниво кое по аналогија има огромно значење во подобрувањето на статусот и вклучувањето на Ромите во општествените текови. На крајот сакам да истакнам на фактот за важноста и Ромите да бидат официјално признаени како жртви на Холокаустот пред се од страна на Обединетите Нации. Read the rest of this entry »

 
Напишете коментар

Posted by на Февруари 10, 2014 во Uncategorized

 

Профит и загуба – ефекти на миграциските процеси врз буџетот на Република Македонија

Автор: Надире Реџепи

“Едноставниот начин да се измери државата е да се погледне колку сакаат да живеат внатре, а колку сакаат да ја напуштат” – Тони Блер

Вовед

Во претходните анализи на Ромалитико визната либерализација е разгледана од меѓународен политички и економски аспект. Во неколку наврати е напоменато дека слободното движење на луѓе и капитал во време на финансиска криза е пропратено со зголемен прилив на баратели на азил во економски побогатите членки на Европска Унија.Очигледно е дека ваквиот тренд резултира во ревидирање на правилата за патување и можно поставување на нови мерки околу визниот режим. Сепак, мора да потсетиме дека миграциите и барањето на азил не се нов и непознат феномен за Македонија и за останатите држави во регионот. Миграциите (и во поново време барањето азил) се познати како една од можностите за излез од немаштијата и бедата, односно наоѓање на подобри животни услови и прилагодување кон истите (економски, социјално и политички).Бидејќи потрагата за излез од немаштија и беда луѓето ги  присилува да мигрираат, слично како постапките кои ги прават од Блискиот исток, Африка и Азија.

Миграциите постојат од кога и човекот постои, бидејќи во историјата на човештвото познато е дека луѓето патувале ден и ноќ во долги временски периоди трагајќи по подобри и побезбедни животни услови. Сепак мигрирањето од Македонија се бележи уште од почетокот на 20-от век поради разни причини. На пример: за време на Отоманската империја миграциите беа поттикнати од  политичките немири и потрага по богаство во Новиот Свет. Исто така по Втората Светска Војна, потрагата за вработување, политички опозициската положба со Југословенскиот комунизам и катастрофалниот земјотрес во 1963 предизвикаа иселување на населението во неколку наврати.[1] Read the rest of this entry »

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 18, 2013 во Uncategorized

 

Ромските азиланти низ призмата на европските политики

Автор: Дениз Селмани

“Барателите на азил не се во потрага по азил, само по подобро место за живеење”

                                                             Dutch Fictional characterActive and International girl“, b.1983  

Европа во 21 век се соочува со еден сериозен проблем наречен “баратели на азил”. Bизната либерализација овозможи поволности граѓаните на Република Македонија, но не и на Ромската заедница која живее во РМ. Во оваа контент анализа ќе може да прочитате повеќе како европските политики влијаат врз државите од третиот свет во која спаѓа и Република Македонија. Исто така, ке имате можност да согледате кои се главните предизвици со кои се соочуваат државите од третиот свет, но и Европската Унија и останатите институции  кои се во склоп на ЕУ.

Со Единствениот европски акт од 1986 година е направена важна пресвртница. Со Актот е предвидено (чл.8а, подоцна член 14 од Договорот од Амстердам)[1] создавање на единствен внатрешен пазар заснован врз четирите слободи, односно движење на:

  • добра;
  • капитал;
  • услуги и
  • лица.

Read the rest of this entry »

 
Напишете коментар

Posted by на Ноември 22, 2013 во Uncategorized

 

Ознаки: , , , , , ,

“Македонските“ азиланти – закана или можност за Европските држави

Автор:Алберт Мемети

“Мојот личен став е дека ова планета се користи како казнена колонија, психијатрија и депонија од страна на супериорните цивилизации, за да се одстранат оние непосакуваните и оние кои не можат да се вклопат во општеството. Неможам да го докажам ова, но и вие не може да го негирате тоа.”

Christopher Hitchens

Вовед

Визната либерализација донесе поволности но и многу критики за граѓаните на Република Македонија. Од една страна, поволности затоа што  за прв пат граѓаните на РМ можат “слободно“ да патуваат во западноевропските земји, од друга страна критики – бидејќи се зголеми бројот на баратели на азил. Речиси три години после визнaта либерализација, Македонија се соочува со “закани“ за враќање на визниот режим и остри критики за “контролирање“ на одредена група граѓани. Македонската и европската јавност по однос на ова прашања единствената вина ја лоцираат кај Ромите без притоа да ги согледаат фактите за причините за азил како и бенефитите на долг рок кои може да произлезат.

Во таа насока, оваа анализа има за цел да ги согледа причините за азил од економска перспектива, како и да ги анализира трошоците и придобивките на еврoпските држави кои се приматели на најголем број на азиланти. Исто така оваа анализа  го толкува т.н азилантско прашање од друг аспект кој е надвор од постоечката “рамка“ и дава аргументи зошто развиените земји треба да вложат во развојните политики во земјите – кандидати за ЕУ со цел да не се повтори сценариото на Бугарија и Романија  каде што масовен број на граѓани почнаа да мигрираат. Read the rest of this entry »

 
Напишете коментар

Posted by на Ноември 12, 2013 во Uncategorized

 

Ознаки: , , , , , , ,

Ромите “заложници” на визната либерализација

Автор: Елвис Шаќири

“Тврдењето и остварување на Уставно загарантираното право не може да биде претворено во криминал”

Слободата на движење е една од основните слободи и права на човекот и граѓанинот и е загарантирана согласно Уставот на Република Македонија. Во изминатиот период сведоци сме на се позачестените случаи за враќање од граница на лица од ромска националност. Најчесто Ромите се враќаат од границите меѓу Македонија и Србија и тоа без никакво образложение. Свесни сме дека во последно време нашата држава е под постојан притисок од страна на Европската заедница поради големиот бран на лица кои ја напуштаат Македонија и бараат азил во Европските земји, но дали сите Роми кои ја напуштаат државата одат да бараат азил? Дали се издржливи мерките коишто се превземаат од страна на Македонија и Европската Унија кон Ромите ќе може да заклучиме од оваа анализа.

На 30 ноември 2009 година, за време на Шведското претседателство со ЕУ, Министерскиот совет за правда и внатрешни работи донесе Одлука за либерализација на визниот режим на Европската унија за граѓаните на Република Македонија, преку измена на Регулативата 539/2001. Од 19 декември 2009 година, безвизните патувања ширум Европа станаа реалност за граѓаните на Република Македонија[1]. Read the rest of this entry »

 
6 Коментари

Posted by на Ноември 5, 2013 во Uncategorized

 

Ознаки: , , , , , , , , , ,

Секојдневно искуство на жените муслиманки и нивниот пристап во приватниот и јавниот живот носејќи превез

Автор: Себијан Фејзула

Наместо да се гледа како муслиманските жени да се “спасат”,прво треба да се погледне дали тие навистина треба да бидат “спасени”

Абу-Лугод

Се одлучив да пишувам на оваа тема, затоа што ја најдов интересна за мене како жена, Ромка и  која по  случајот на судбината сум родена во семејство кое ја пратикува муслиманската религија. Зборувајќи со неколку од не-муслиманските жени имам чувство дека муслиманските жени се сметаат за жени кои треба да бидат спасени од угнетување. Моето прашање и дилема е: зошто не-муслиманките ја имаат оваа перцепција, од кого жените муслиманки треба да бидат спасени? Во овој краток есеј ќе се обидам да одговорам на следните прашања:

  • кое е мислењето на муслиманските жени за превезот
  • колку носењето на превезот и националноста/етникум влијае на нивниот статус, како во приватниот така и во јавниот живот?

Облеката која муслиманските жени ја носат со цел да ги покријат нивните глави и тела се нарекува “хиџаб”. За муслиманките ова не е само парче ткаенина, туку е начин на себе-претставување како некој којшто е посебен, морален и скапоцен. Во одредена литература стои образложение дека хиџабот е исто така симбол на верност и љубов кон сопствениот маж, кој е единствениот што ја заслужува убавината и довербата на својата жена. Многу муслимани веруваат дека покривањето на главата раѓа одредена духовна состојба на приемчивоста (Суфи муслиманите веруваат дека и мажите и жените треба да ги покриваат главите. Во Индија и Пакистан, на пример, мажите обично носат кече за време на молитвениот ритуал) Значи, многу жени кои што не ги покриваат главите и телата, можат да го сторат тоа само заверски прилики или кога се инспирирани да го сторат тоа. Носењето на превезот не е постојана практика засекоја жена.

Read the rest of this entry »

 
Напишете коментар

Posted by на Октомври 3, 2013 во Uncategorized

 
 
Следи

Get every new post delivered to your Inbox.

Join 357 other followers